ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Со една промена во ростерот – Македонија брка убедлива победа над Косово (ФОТО)

Женската младинска репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Ривал е селекцијата на Косово, која мора да ја победиме со што поголема разлика за пласман во полуфиналето. Секако претходно ќе мора и репрезентацијата на Холандија да ги победи Фарски Острови.

Селекторот Љубомир Савевски се реши за една промена во ростерот во споредба со вчерашниот дуел. На местото на Катерина Дамјановска, повторно во состав ќе биде Мила Пешиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот.