ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Победничкиот тим не се менува, Лазаров одбра за Швајцарија (ФОТО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ја очекува полуфиналната битка на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Ривал е селекцијата на Швајцарија, која забележа три победи во групата над Грузија, Украина и Босна и Херцеговина.

Селекторот Кире Лазаров го одбра истиот состав што беше на пресметката против Полска, што значи дека Мартин Димовски и Теодор Тодески нема да добијат шанса против Швајцарија.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра од 18:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”, а ќе го судат Алтмар и Хорват од Унгарија.