ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без браќата Атанасијевиќ, Кизиќ…на мегдан против Колстад

Европската ракометна федерација ги објави составите на Еурофарм Пелистер и Колстад пред вечерашната пресметка во Лигата на шампионите.

Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, се реши за овој натпревар да ги изостави браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Марко Кизиќ и Емилијан Ѓорговски.

Како што однапред беше најавено, кај Колстад ќе отсустува десниот бек Магнус Род, но тука се другите ѕвезди – Сагосен, Јоханесен, Бергеруд, Гудјонсен…

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.