ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија без Илиески, со Димковски брка изненадување против Швајцарија

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Варна.

Шансите за место во полуфиналето постојат, но најпрво Украина треба да ја победи Романија, а потоа ние да бркаме изненадување против Швајцарија.

Селекторот Бранко Ангеловски за овој натпревар направи една измена во ростерот. На местото на Божидар Илиески, во составот ќе биде Томислав Димковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија стартува од 14:00 часот, а ќе го судат Црногорците Вујачиќ и Калуѓеровиќ.