ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров со четири нови ракометари ќе ја нападне Турција!

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра значајниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година против селекцијата на Турција.

Селекторот Кире Лазаров направи промени во однос на првиот меч против Луксембург. Сега во ростерот нема да бидат Марко Стојковиќ, Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, како и Цветан Кузманоски.

Против Турција во комбинација се Дејан Манасков, Мартин Томовски, Костадин Петров и Михајло Младеновиќ. Во составот на домаќинот, се враќа Халил Озтурк кој не играше против Португалија.

Натпреварот меѓу Турција и Македонија ќе се игра денеска од 16:00 часот во градот Ван, а ќе го судат Австријците Бркиќ и Јусуфхоџиќ.