ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров со два „џокери“ против Полска (ФОТО)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра решавачкиот натпревар за место во полуфиналето на ЕХФ шампионатот против Полска.

Селекторот Кире Лазаров се реши да направи две промени во ростерот во споредба со првата средба против Грција.

На местото на Мартин Димовски и Теодор Тодески, ќе играат десното крило Александар Петковски и пивотот Сашко Манчески.

Натпреварот меѓу Полска и Македонија се игра денеска од 15:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.