ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Радовиќ против АЕК Атина

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат третиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Ривал е шампионот на јужниот сосед, АЕК Атина, а веќе е познат составот на битолчани за денешната премсметка.

Ќе недостига Мирко Радовиќ, а покрај во ростерот не се ниту Филип Ивановски и Дејан Кукуловски.

Натпреварот меѓу АЕК Атина и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во Халкида со почеток во 18:45 часот.