ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Хосни, Фуксе со Марсениќ, Вујовиќ, Линдберг…

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во рамки од 3. коло од Лига на Европа пред својата публика ќе играат против Фуксе Берлин.

Македонскиот вицепрвак во досегашниот тек од сезоната во второто по ранг европско натпреварување има половичен ефект, пораз од Архис и победа против Агуаш Санташ.

Тренерот на „фармацевтите“ Ларс Валтер за дуелот против ,,лисиците” нема да го има на располагање Усама Хосни. Пред извесен период се оперираше Мохамед Суси, а веќе подолго време отсуствува Мартин Велковски, кој сѐ уште се рехабилитира од повредата.

Кај бундеслигашот ќе недостасуваат Валтер Кринц, Матијас Гидсел, Дејан Милосављев…

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се одигра во спортската сала ,,Боро Чурлевски, со почеток од 18:45 часот.

Судии на овој натпревар ќе бидат Адам Биро и Оливер Киш од Унгарија, додека делегат од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Хрватот Владимир Сокол.