ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Гудме со Олсен против Еурофарм Пелистер, битолчани без Кукуловски, Ѓукиќ и Граџан (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва од 18:45 часот ќе се соочат со данскиот ГОГ Гудме во „Феникс Тиг Арена“.

Двајцата тренери ги објавија составите за натпреварот, а во битолскиот состав ќе недостигаат левиот бек Дејан Кукуловски, десното крило Милан Ѓукиќ и пикерот Елмир Граџан, кои останаа дома поради тактички причини.

Во данскиот ростер е плејмејкерот Мортен Олсен, за кој пред две недели имаше информација дека по повредата на прстот ќе оди на операција и ќе паузира најмалку до крајот на годината.

Сепак можно е да е веќе подготвен за настап, но можно е да биде само поддршка од клупата за соиграчите.