ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со една измена од дуелот против Мотор на мегдан со Порто (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска го играат натпреварот против Порто во Португалија и ќе се обидат да продолжат со добрите резултати во Лигата на шампионите. Ова е дуел кој може да даде дополнителна надеж за правење на уште еден скок до крајот односно да се финишира групната фаза дури и на 4. место.

Сепак, прво мора да се одработи денешната задача. Вардар е пред тешко гостување. Денеска нема да биде воопшто лесно односно ќе мора да се даде најдоброто на теренот. Сите што ќе добијат шанса мора да одиграат на највисоко ниво и да бидат далеку подобри отколку на средбата против Мотор Запорожје.

Стевче Алушовски направи само една измена во ростерот во споредба со дуелот против Мотор. На местото на голманот Васил Гогов, дел од составот ќе биде десното крило Ален Ќосевски, а ќе недостигаат одамна повредените Артурс Кугис и Кристијан Дисингер. Натпреварот меѓу Порто и Вардар се игра денеска во „Драгао Арена“ со почеток во 16:00 часот.