ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Бутел со најдобрите, Алпла без Атанавичиус и со 14 ракометари

Европската ракометна федерација ги објави составите за денешниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Алпла Хард од квалификациите за Лигата на Европа.

Гостите допатуваа без еден од најдобрите стрелци во тимот, литванскиот бек Каролис Атанавичиус, но тука се Стевановиќ, Хорват, Докниќ, како и најдобриот од првиот меч – Лука Рашле.

Домашниот тренер Кристијан Грчевски може да смета на сите ракометари, освен Томче Стојановски, кој се рехабилитира од повреда од поодамна.

Во однос на претходниот меч, во составот ќе го нема средниот бек Петар Цветковски, а а на негово место е десниот бек Андреј Петрушевски.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Алпла Хард се игра вечерва од 18:45 часот. Судии се Светослав и Ѕвезделин Јончеви од источниот сосед, додека делегат е Јоанис Меимаридис од јужниот сосед на Македонија.