ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Битолчани без капитенот Периќ, Вардар со Стоилов и Дибиров, но без Гаџа!

Вечерва од 19:00 часот во Битола ќе се одигра големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Двајцата тренери, Жељко Бабиќ и Давид Дејвис, не можат да сметаат на најсилните составите за пресметката што ќе го реши шампионот.

Во ростерот на битолчани нема да бидат капитенот Јосип Периќ поради повреда, како и столбот на одбраната Милорад Кукоски. Одамна веќе надвор од ростерот е Мартин Велковски.

Кај Вардар надвор од игра се Полјаците Чувара и Валчак, плејмејкерот Гаџа, голманот Гогов, потоа десното крило Ќосевски, десниот бек Кевин Њокас…

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар почнува од 19:00 часот во „Боро Чурлевски“, која е комплетно распродадена.

Еурофарм Пелистер: Ивановски, Кизиќ, Секељ, Ојлески, Маџовски, Костески, Божиќ Павлетиќ, Граџан, Маркоски, Кукуловски, Мандалиниќ, Обрадовиќ, Танкоски, Табоада, Радовиќ, Мараш.

Вардар: Томовски, Ристовски, Стоилов, Тото, Петров, Дибиров, Георгиевски, Ѓукиќ, Диало, Талески, Мишевски, Карапалевски, Додиќ, Моралес, Савревски, Оливие Њокас.