ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Алушовски одбра 16 вардарци, со два пивотмени против Загреб

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го одиграа полуфиналниот двобој од завршниот турнир во регионалната СЕХА лига против хрватскиот првак Загреб.

Во Скопје останаа капитенот Стојанче Стоилов и Мартин Карапалевски, па тренерот Стевче Алушовски во Задар има на располагање 18 играчи.

Од нив одбра 16 во ростерот за дуелот со „плинарите“, а од списокот отпаднаа голманот Марко Кизиќ и пивотменот Давид Гашовски.

На линијата од шест метри ќе го нема капитенот Стоилов, па затоа Валчак и Калараш ќе мора да го изнесат целиот товар.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра вечерва во салата „Крешимир Ќосиќ“ со почеток во 20:30 часот.

Состави:

ВАРДАР

Ристовски, Кантегрел, Валчак, Јагуриновски, Димитриоски, Георгиевски, Дисингер, Јотиќ, Калараш, Гаџа, Чупиќ, Талески, Дибиров, Вујин, Векиќ, Мишевски.

ЗАГРЕБ

Јандриќ, Ашанин, Вистороп, Мраковчиќ, Мандиќ, Божиќ Павлетиќ, Буриќ, Вуглач, Обрадовиќ, Стојниќ, Божовиќ, Матановиќ, Хрстиќ, Млакар, Граховац, Влах.

Судии на натпреварот ќе бидат Србите Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ, додека делегати се Драган Начевски од Македонија и Сергеј Кот од Белорусија.