Познати се учесниците на женскиот Ф4 во ЛШ!

Актуелниот европски шампион Вајперс Кристијансад ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако четврта сезона по ред обезбеди учество на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Вајперс Кристијансад за противник во четвртфиналето ја имаше екипата на Рапид Букурешт. Норвешкиот тим на првиот дуел триумфираше со 31:25, додека на вториот дуел забележа поубедлива победа од 40:31.

Откако е воведен Ф4 турнирот, деби настап на завршницата ќе екипа некогашниот ривал на Кометал ЃП, Ференцварош, па така Унгарија ќе има два претставници во борбата за европската титула.

Ференцварош иако загуби на првиот дуел од Мец со 32:26, сепак, на реваншот во Франција имаше повеќе среќа и со победа од 33:26 го завери билетот за Ф4 турнирот.

Есбјерг во четвртфиналето со две победи (32:28, 33:31) го елиминираше Рапид Букурешт. Тимот од Данска во ланската сезона го имаше дебитанскиот настап на Ф4 турнирот и во натпреварот за трето место беше поразен од Мец.

По 8-ми пат на Ф4 ќе учествува Ѓер откако лесно го мина Оденсе во четвртфиналето. Ѓер на натпреварите против Оденсе триумфираше со 29:27 и 37:28.