Познати саатниците на ЕП – Македонија ќе игра еднаш во централниот термин (ФОТО)

Европската ракометна федерација во договор со ТВ куќите, ги одреди саатниците за натпреварите на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Maшката репрезентација на Македонија ќе игра во групата А, каде што ривали ќе ни бидат Словенија, Данска и Црна Гора.

Избраниците на Кире Лазаров првиот и вториот натпревар ќе ги играат од 18:00 часот, додека дуелот со Данска ќе биде од 20:30 часот.

Сите три средби ќе се играат во „Феникс Арена“ во Дебрецен.

Распоред на натпревари:

13 јануари, 18:00 часот, Македонија – Словенија
15 јануари, 18:00 часот, Македонија – Црна Гора
17 јануари, 20:30 часот, Македонија – Данска