Познати распоредот и саатниците за меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Тимот на Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Ова лето ќе се одржи седмото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на шест екипи, кои ќе бидат поделени во две групи.

На турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште три екипи од Македонија – Струга, Скопје и новиот прволигаш Мулти Есенс, како и две екипи од странство – Дубочица од Лесковац и ПАОК од Солун.

Турнирот ќе се игра три дена, од 26 до 28 август. Првите два дена ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман. Натпреварите ќе се играат во салата при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, а влезот за сите љубители ќе биде слободен.

Во групата А ќе играат екипите на Прилеп, Струга и ПАОК, додека групата Б ја сочинуваат Скопје, Мулти Есенс и Дубочица.

Целосна агенда на турнирот

26.08 (петок)

16:00 часот, свечено отворање

18:00 часот, Прилеп – ПАОК

20:00 часот – Дубочица- Мулти Есенс

27.08 (сабота)

10:00 часот, ПАОК – Струга

12:00 часот, Дубочица – Скопје

18:00 часот, Прилеп – Струга

20:00 часот, Скопје – Мулти Есенс

28.08 (недела)

09:00 часот, натпревар за петто место

11:00 часот, натпревар за трето место

13:00 часот, финале

14:30 часот, свечено доделување на награди

Лани турнирот го освои екипата на Тиквеш Кавадарци, откако во финалето славеше против Дубочица, со резултат 32:31.