Еве ги полуфиналните двојки на Ф4 во СЕХА

Раководството на СЕХА лигата, дивизија „Исток“ ги објави полуфиналните двојки на завршниот турнир што ќе се игра во Санкт Петербург.

Рускиот шампион Чеховски Медведи, кој е најголем фаворит за титулата, ќе игра против белорускиот СКА Минск.

Белорускиот првак Мешков Брест, на кој не му оди најдобро оваа сезона, за место во финалето ќе се бори за Пермски Медведи.

Собирот на најдобрите четири екипи од дивизијата „Исток“ ќе биде во Санкт Петербург од 6 до 8 јуни, додека се уште нема никакви информации за тоа дали и кога ќе има Ф4 на екипите од дивизијата „Југ“.

Во дивизијата „Југ“ место на Ф4 треба да има за Партизан, Вардар, Еурофарм Пелистер и победникот од двомечот меѓу Загреб и Нексе.