Познати патниците на Ф4 во Балтичката лига

По одигрувањето на реванш средбите од четвртфиналето, познати се сите учесници на завршниот турнир во Балтичката лига.

Meѓу патниците на Ф4 турнирот што ќе се игра на 15 и 16 април, се две естонски и по една летонска и литванска екипа.

Вилјанди Тулевик беше подобар во естонскиот двомеч со Тапа, додека вториот учесник на Ф4 од оваа земја, Полва Сервити, го елиминираше литванскиот Гранитас Каунас.

Летонскиот Тенакс Добеле го мина литванскиот Драгунас Клаипеда, додека литванската Свиеса беше поуспешна од естонскиот тим Мистра во четвртфиналето.

Титулата од минатата сезона ја брани естонсккиот Тулевик.