Познати освојувачите на европските титули во ракомет на плажа

Познати се освојувачите на златниот медал во машка и женска конкуренција на ракомет на плажа во рамките од Купот на Европските шампиони.

Натпреварите се играа во Шпанија, а домаќин беше градот, Торокс.

Актуелниот шампион, Алмериа, во женска конкуренција ја одбрани титулата и повторно го освои првото место.

Во групната фаза, Алмериа забележа пет победи и само еден пораз, а во следната фаза одигра без грешка. Во финалето, Алмериа беше убедлива против екипата на Амстердам со 2:0 откако победи во двата сета, 21:11 и 14:12.

Екипата на Алмериа го освои финалето и во 2018 и 2019 година, а овогодинешната титула за нив е трета во рамките од Купот на Европските шампиони.

Во машка конкуренција победник беше екипата од Данска, ХЕИ, иако данците не се покажаа во добро светло на почетокот на натпреварите. Во финалето беа подобри од Загреб со 2:0 (21:18, 23:22).

Екипата на ХЕИ за прв пат стигна до трофејот, додека Загреб кој е седумкратен победник мораше да се задоволи со сребрениот медал.