Познати групите за Лигата на Европа – 16 клуба од само седум држави во битка за трофејот

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групите во Лигата на Европа.

Откако беа завршени квалификациите, се комплетираа сите 16 учесници кои беа поделени во четири шешири пред ждрепка.

Најмногу претставници има Унгарија, дури четири – Вац, Шиофок, Мошонмаѓаровар и Дебрецин, по три имаат Франција и Норвешка, по два Германија и Данска, додека по еден тим има од Хрватска и Романија.

Првата рунда од групната фаза ќе се одигра на 7/8 јануари, додека последната е на програмата на 19 февруари.

Двата најдобри тима од групите продолжуваат во четвртфиналето, а победниците од оваа фаза ќе се пласираа на Ф4 кој ќе се одржи на 13/14 мај.