Поделени два европски трофеи – Битигхајм и Гран Канариа слават

Екипата на Битигхајм е новиот шампион во Лига на Европа во женска конкуренција откако во финалето во второто по ранг најквалитетно натпреварување во Европа го декласираше Виборг со 31:20.

Ланската сезона титулата ја освои екипата од Франција, Нант, која во годинешниот настап не успеа да обезбеди учество меѓу најдобрите четири екипи.

За Битигхајм ова беше прв трофеј на европска сцена, додека домаќинот на Ф4 турнирот во Лига на Европа, Виборг, не успеа да го искористи домашниот терен и да го освои првото место.

Бронзениот медал им припадна на ракометарките на Виборг, кои во натпреварот за 3 место славеа против Баја Маре по изведувањето на пенали со 28:29. Регуларниот дел од дуелот заврши нерешено, 24:24.

Ракометарките на Гран Канариа се победници во ЕХФ Европскиот куп откако во вториот финален натпревар против актуелниот бранител на титулата, Малага, не загубија со повеќе од четири гола разлика и беа поразени со 29:25. На првиот финален натпревар, Гран Канариа забележа победа со 21:17.