Без Манасков и Томовски на МИ, дополнителен повик за Тодески и Галевски (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Селекторот Кире Лазаров на скратениот список имаше 22 ракометари, но на првиот собир ги немаше Мартин Томовски, Марко Мишевски, а ниту Дејан Манасков, кој со Веспрем се подготвува за Ф4 во Лигата на шампионите.

На собирот не се појави ниту пивотот на Тримо Требње, Милан Лазаревски. Сите четворица нема да бидат дел од Медитеранските игри во Оран.

На подготовките ќе бидат 20 ракометари, а селекторот Кире Лазаров дополнително ќе се приклучи во текот на утрешниот ден.

Дополнителен повик имаше за левиот бек на Алкалоид, Теодор Тодески, как и за голманот на истиот тим, Иван Галевски. Во стручниот штаб ќе бидат Бранко Ангеловски, Билјана Црвенкоска и Ице Соколески.

Македонија се наоѓа во групата Б на Медитеранските игри заедно со Шпанија, Алжир, Турција и јужниот сосед, а првиот меч го игра на 28 јуни со јужниот сосед.

Лазаров го скрати списокот, без Талески на Медитеранските игри

Mакедонија ги доби ривалите: Против Шпанија, Грција, Турција…на Медитеранските игри

ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ: Македонија на Медитеранските игри отвора против јужниот сосед, на крај со Турција