ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ: Македонија на Медитеранските игри отвора против јужниот сосед, на крај со Турција

Машката сениорска репрезентација на Македонија го дозна својот распоред за настап на Медитеранските игри, кои ќе се играат од 25 јуни во алжирскиот град Оран.

Избраниците на Кире Лазаров на 28 јуни ќе го одиграат првиот натпревар, а противник ќе биде репрезентацијата на јужниот сосед.

По натпреварот со јужниот сосед, следуваат дуели со Алжир и Шпанија, додека во последниот натпревар од групната фаза, противник на македонската репрезентација ќе биде Турција.

Македонија два натпревари ќе одигра во терминот од 18:00 часот и два натпревари од терминот од 20:00 часот.

Медитерански игри, мажи, Група Б, распоред на натпревари:

28/06, 20:00 часот, Македонија – Грција

29/06, 18:00 часот, Алжир – Македонија

30/06, 18:00 часот, Македонија – Шпанија

01/07, 20:00 часот, Турција – Македонија

Во групата А ќе играат репрезентациите на Тунис, Словенија, Египет, Италија и Србија. Првите две репрезентации од А и Б групата ќе обезбедат место во полуфиналето. Останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место.

Лазаров го скрати списокот, без Талески на Медитеранските игри