Погледнете како ќе изгледа тимот на актуелниот шампион на Европа, Вардар (ФОТО)

Екипата на Вардар веќе го формираше тимот за новата сезона и добро е познато кои се играчите кои ќе имаат право на настап и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.

Освен на крилните позиции каде што има по двајца ракометари на другите има по три. Исклучок се само пикерите каде што Алушовски одлучи да има четворица ракометари така што ова ќе биде сезона во која Вардар ќе има вкупно 20 играчи.

На фотографијата подолу можете да ги видите и броевите со кои ќе настапуваат така што ова е новиот Вардар, но уште актуелен шампион на Европа, СЕХА и на Македонија.