Победнички старт на борбата за елита: Aеродром со 42 гола во мрежата на Кичево

Тимот на Аеродром славеше во првата пресметка од прволигашкиот плеј-оф против Кичево со убедливи 42-24.

Ракометарите на Дарко Петровски имаа проблеми во поголем дел од првото полувреме до 11-11. Тогаш Кичево направи неколку грешки во серија, Аеродром се одлепи на плус три, а до паузата стигна и до четири гола преднност, 16-12.

Тоа беше клучниот период на мечот, бидејќи во вториот дел гостинските ракометари немаа сили да му парираат на расположениот домаќин кој постигна дури 26 погодоци.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андреј Петрески со седум гола, како и Алексеј Василев и Мартин Бучуковски со шест погодоци.

Во составот на Кичево се истакнаа Никола Шипинкоски со седум и Марјан Сарашов со пет гола.