Croatia vs Bahrain, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Malmo, 23.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Хрватска победи и чека чудо од Египет, Србија заврши трета во групата

Репрезентациите на Србија и на Хрватска постигнаа победи во своите последни дуели на Светското првенство. Србија ја победи Холандија со 32:30, додека Хрватска го надигра Бахреин со 43:32.

Хрватите сега ќе чекаат победа на Египет над Данска од 12 голови или повеќе за второ место во групата и четвртфиналето, но тоа тешко дека ќе случи. Хрватска од самиот почеток се мачеше да го скрши отпорот на ривалот, а Бахреин до 10.минута одржуваше нерешен резултат 6:6. Во 20.минута Хрватска за првпат имаше + 2 (13:11), откако резултатот претходно 11 пати беше изедначен. Бахреин брзо пак изедначи, но тоа беше се во првриот дел бидејќи во 29.минута Хрватите водеа со 17:14. На полувреме беше 17:16.

На стартот од вториот дел Хрватска пак имаше + 3 (19:16). Бахреин успеа да намали на 19:18, но потоа следуваше серија на Хрватска од 8-2 за 27:20 во 44.минута. Хрватска поведе и со десет разлика во 52.минута – 35:25. Најефикасен на дуелот беше Иван Мартиновиќ со 11 голови, од 11 обиди, а Циндриќ постигна 8 голови.

Со оваа победа Хрватска како најверојатно како најдобро третопалсирана екипа од четирите групи ќе го освои 9.место и би требало да биде учесник на Олимписките квалификации.

Србија и Холандија одиграа неизвесен натпревар, а победа од 32:30 славеше Србија. „Лалињата“ подобро го почнаа дуелот и по 10.минути имаа водство од 7:3. Набрзо потоа Србија почна да ја намалува предноста на ривалот пред се благодарение на одбраните на Милосављев и Цупара (седмерец). Во 20.минута поради грб старт црвен картон доби Марсениќ, што беше дополнителен хендикеп за Србија. Сепак во 25.минута Србите изедначија на 12:12, а до крајот на првиот дел Холандија пак обезбеди водство од два гола (17:15).

Србија подобро го почна вториот дел и со два гола стигна до изедначување иако имаше играч помалку – 17:17. Со голот на Додиќ Србија поведе и со 19:18. Потоа повторно се влезе во игра гол за гол. Холандија имаше предност од 25:23, но Србија со серија од 3-0 го презеде водството, а нерешено беше до 29:29. Во последните пет минути Србија се одлепи со водство од 31:29, а потоа и Милосављев имаше одбрана од големо значење, а во следниот напад за Србија Орбовиќ беше запрен. Сепак Холандија не казни откако направи техничка грешка. Со многу нервоза се одиграа последните две минути, а Пешмалбек постиган гол за 32:29, а Холандија до крајот само го намали поразот. Најпрецизен кај победникот беше Марко Милосављевиќ со 9 голови од 10 обиди.