„Плинарите“ не се откажуваат од ЛШ – ќе играат два пати во два дена на гости кај Фленсбург

Хрватскиот првак Загреб се договори двата меча од осминафиналето во Лигата на шампионите против Фленсбург да ги игра на гостински терен.

Првиот дуел би требало да се игра на 7 април во „Фленс Арена“, додека реваншот ќе биде на 8 април од 18:45 часот на истото место.

Првиот дуел во Хрватска беше одложен поради карантинот на „плинарите“, а тренерот Ивица Обрван може во моментов да смета само на петмина ракометари. Двајца се позитивни на коронавирус, додека останатите мораа во карантин.

Сепак овие два меча се уште се под знак прашалник, бидејќи нејасно е дали „плинарите“ ќе соберат доволен број на ракометари пред патувањето во Германија.