Пластичната топка од Вардар, Раул ја „однесе“ во ПСЖ (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ засилено се подготвува за претстојната сезона под водство на Раул Гонзалес. Освен на физичката подготвеност ракометарите започнаа и со подготовки на тактички план.

Раул Гонзалес има на располагање моќна екипа и во новата сезона сигурно целта ќе биде освојување трофеи во сите натпреварувања. Составот го дополни Даинис Кристопанс на десната бековска позиција и сега шпанскиот стратег има комплетен тим според неговите желби.

Најголемиот дел од физичките подготовки ракометарите на ПСЖ ги работат на отворено, додека тактиката се подготвува во сала. Помеѓу напорните тренинзи има простор и за забава. Раул и во ПСЖ ја користи играта со пластична топка што ја „измисли“ додека беше тренер на Вардар.

Во видеото во продолжение може да погледнете како изгледа тоа на тренингот на ПСЖ.