Питлик се сретна со Кастратовиќ, Нацева, Будимир…се евоцираа спомени од минатото (ФОТО)

На натпреварот меѓу дел од шампионската генерација на Кометал Ѓорче Петров со продавачите на списанието „Лице в лице“, беше присутен и данскиот стратег Јан Питлик.

Тој во сезоната 2015/16 беше дел од проектот на Вардар и работеше заедно со Индира Кастратовиќ во стручниот штаб, а како селектор на Данска имаше неколку дуели со селекцијата на Македонија во која тогаш играа Кастратовиќ, Чупиќ, Платон, Нацева…

Питлик беше селектор на женската репрезентација на Данска од 1998 до 2006 година, а потоа од 2007 до 2014. Во негово време Данките двапати беа олимписки првенки во 2000 и 2004 година.

По ЕП во 2014 година заврши и неговата соработка со Данска. Со репрезентацијата на Данска освои и злато на ЕП 2002, и две сребра на ЕП 1998 и ЕП 2004.

По заминувањето од Вардар, четири сезони беше тренер на Оденсе, а потоа две сезони го водеше и машкиот тим на Сондерјиске. Од оваа година е селектор на Саудиска Арабија, со која е на подготовки за СП во Скопје.