Писонеро: Не паметам Вардар да постигнал четири гола за едно полувреме

Вардар после три победи го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава. Сепак, како што се движеа работите особено во првото полувреме на крајот

„Ова е навистина тежок пораз за Вардар. Одигравме многу лошо во првото полувреме. Не паметам дека Вардар некогаш имал полувреме во кое постигнал само четири гола. Многу е тешко и болно за нас. Сепак, загубивме многу топки на оваа средба и промашивме многу удари и беше навистина ужасно за нас. Во вториот дел одигравме поагресивно во одбраната, се обидовме сè што е во наша можност за да се вратиме, но успеавме само да се доближиме. Разликата беше преголема така што не можевме да направиме нешто повеќе. Можам да кажам дека сум презадоволен од публиката од тоа како не бодреше во текот на целата средба, a ние мораме да остане заедно после овој тежок пораз“, коментираше Писонеро.

Ќе има тешка задача бидејќи следниот натпревар доаѓа брзо и веќе в сабота тимот на Вардар ќе гостува во Унгарија.