Пик Сегед уште сега се збогуваше со Швеѓанецот: Благодариме Јонас Калман!

Интернационалецот од Шведска во редовите на Пик Сегед, Јонас Калман на крајот од оваа сезона го напушта клубот од Унгарија. Тој после седум години ќе го напушти Сегед, па од клубот веќе му се заблагодаруваат за она што го има направено за екипата.

Тој дојде во тимот во 2014 година и учествуваше во многу успеси.

„Благодариме Јонас. Не само што ни го донесе наследството туку веднаш стана важен играч за нашиот тим. Стана пример за другите на теренот и надвор од него. Горди сме што неговото име засекогаш се поврзува со Пик Сегед. Јонас секогаш ќе има место во нашиот дом, нашата сала и нашите срца“, вели претседателот на Пик Сегед, Питер Ерно Шукс.

На ова се надоврзува и тренерот на тимот, Хуан Карлос Пастор.

„Сон на секој тренер е да работи со играч со квалитетите на Јонас Калмар. Седум години сум негов тренер и тој е благодарен за она што го стори за клубот. Затоа неговиот професионализам е примерен. Ни претстои сериозен предизвик годинава и познавајќи го знам дека можеме да ја затвориме убаво оваа сезона, а исто така и ефикасно“, вели главниот тренер на Пик Сегед, Хуан Карлос Пастор.

За седум години во тимот на Пик Сегед, Калман успеа да дојде до победа во најсилната лига на Унгарија во 2018 година, додека година подоцна во Купот на Унгарија трофејот беше исто така за Пик Сегед, тим кој ја прекина доминацијата на Веспрем.