ПИК Сегед сигурен во Загреб, Алборг го запре Фленсбург

Ракометарите на ПИК Сегед остварија нова сигурна победа на гостувањето кај Загреб. Составот од Унгарија триумфираше со 26:21 против шампионот на Хрватска и дојде до два значајни поени.

Гостите победата ја најавија уште во првите 30 минути кога имаа предност од 15:10, што на крајот се покажа доволно за вториот дел и нова сигурна победа. Најпрецизни во составот на ПИК Сегед беа Македа и Шоштариќ со по пет гола, додека во составот на Загреб се истакна Шипиќ со шест погодоци.

Алборг пред своите гледачи направи изненадување и го совлада шампионот на Германија, Фленсбург со 31:28. Гостите имаа водство речиси во текот на целото прво полувреме и на пауза заминаа со предност од 16:14. Во вториот дел во два наврати Алборг имаше добри периоди со последователни голови кои беа доволни за победа.

Целје стигна до првите бодови во Лигата на шампионите со победата над Елверум од 32:25. Иако имаа негатива по првиот дел ракометарите на Целје со одлично второ полувреме забележаа победа. Кодрин, Шарац и Лебан погодија по пет пати за Целје, а за Елверум десет гола постигна Гудјонсон но недоволно за позитивен резултат.

Победи уште остварија и Бидасоа Ирун, Гог и Кокс, а натпреварот помеѓу Висла Плоцк и Динамо Букурешт заврши нерешено.

РЕЗУЛТАТИ, ЛШ, 5. коло:

Бидасоа Ирун – Савехоф 39:23 (18:12)
ГОГ – Кадетен 35:30 (18:15)
Висла Плоцк – Динамо Букурешт 26:26 (13:12)
Алборг – Фленсбург 31:28 (14:16)
Целје – Елверум 32:25 (14:15)
Загреб – ПИК Сегед 21:26 (10:15)
Кокс – Спортинг 25:23 (12:11)