ПИК Сегед добива нова модерна сала, таму ќе се игра и Европското првенство

Екипата на ПИК Сегед ќе добие нова модерна сала во која ќе се играат и натпревари на следното Европското првенство во 2022 година на кое домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка со капацитет од 8.000 гледачи.

Мултифункционалната сала е во сите погледи во согласност со прописите на Европската ракометна федерација, а исто така ќе биде погодна за организирање културни манифестации. Покрај тоа ќе има конференциска сала, простории за загревање како и можност за сместување на триесетина лица во академијата.

Градежните работи се одвиваат според планираната динамика, веќе се поставени трибините и кровната конструкција. Следната фаза е поставување на страничните панели, а исто така и таа активност е започната.

Според тоа како се одвиваат работите не ми требало да има проблеми салата да биде подготвена за Европското првенство, а исто така ова ќе биде можност и за екипата на ПИК Сегед да има уште подобри услови за работа.