Пивотот на Нант доби дозвола – Печмалбек ќе игра за Србија на ЕП

Репрезентацијата на Србија доби добра вест од ЕХФ откако пивотот, кој игра за тимот на Нант, Драган Печмалбек доби дозвола за настап и ќе може да игра на Европското првенство.

Печмалбек е играч кој има две државјанства. Тој играше за Франција, но одлучи да направи измена и сега да игра за Србија. Големата конкуренција на пивотменската позиција го премисли, па се одлучи за промена, но мораше да почека одлука од ЕХФ.

Сега и официјално може да биде дел од националниот состав на Србија така што ќе биде дел од тимот на Европското првенство. Инаку, дебитираше против Македонија на пријателските натпревари во јуни.

Мајката на Драган Печмалбек е Србинка и така има право на настап за селекцијата на Србија и веќе нема проблем да биде дел од составот и на големите натпреварувања.

Како што е познато од следната сезона ќе има и нов клуб и ќе биде поблизу до Србија. Нов негов клуб ќе биде Веспрем.