Пешевски: Ќе покажеме дека не сме случајно тука

Македонија утре ја очекува натпреварот од второто коло на Мундијалот во Полска и Шведска против селекцијата на Холандија.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека ќе сторат се да не се повторат грешки од првата средба со Норвешка.

„Ќе сториме се за да не ги повториме грешките од првиот натпревар. Главна сила на Холандија се контранападите и брзите напади дури и по примен гол. Верувам дека дефанзивно не се премногу моќни во одбраната, па наша цел ќе биде да сме трпеливи во нападот, да создаваме ситуации за постигнување на гол, а потоа и да го неутрализираме противникот. Знаеме дека Лук Стеинс прави чуда на теренот, но верувам дека со колективна игра можеме да го запреме најдобриот холандски ракометар. Холандија игра брз ракомет во скандинавски стил, но тоа не е скандинавска екипа и мислам дека имаме поголеми шанси од вчерашниот натпревар против Норвешка. Во претходните денови ѝ посветивме најмногу внимание на Холандија и мислам дека ќе покажеме дека не случајно сме тука“, изјави Пешевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра утревечер во „Таурон Арена“ од 18:00 часот.