Пешевски и Штутгарт триумфираа над Нордхорн

Во пладневниот неделен термин од Бундес лигата, Жарко Пешевски со својот Штутгарт имаше сигурно издание и триумфираа против составот на Нордхорн со 29:24 пред своите гледачи.

Одличниот почеток на Штутгарт беше клучен за победата, отворија со 3:0, а потоа имаа 9:3. Оваа предност успешно ја одржуваа до полувремето кога беше 13:8.

Во вториот дел Нордхорн немаше сили да се врати во натпреварот. Пешевски и колегите беа уште поубедливи и во еден момент имаа и највисоки 12 предност но до крајот дозволија гостинот да го ублажи поразот.

Жарко Пешевски учествуваше во победата на неговиот тим со еден гол. Штутгарт со оваа победа се искачи на 15. место со два бода повеќе од првиот тим во зоната на испаѓање.