Пешевски и Штутгарт освоија бод во трилер завршницата кај Минден

Екипата на Штутгарт каде што настапува репрезентативниот пикер на Македонија, Жарко Пешевски во трилер завршница одигра нерешено на гостувањето кај Минден 27:27 во 28. коло од Бундес лигата.

Во првото полувреме домашниот тим имаше подобро издание, Минден поведе со 3:1 и 6:2. Оваа предност без многу проблеми ја одржуваа во текот на сите 30 минути. Пешевски и колегите немаа решение за противнчката игра и на полувреме губеа 14:10.

Во второто полувреме Штутгарт полека но сигурно ја топеше негативата, а до израмнување стигнаа дури во 57. минута кога беше 26:26. Веднаш потоа и поведоа но домашниот тим успеа да израмни. Штутгарт имаше 15 секунди во последниот напад но не усепа да стигне до победата.

Жарко Пешевски имаше солиден настап на овој натпревар и постигна три погодоци од четири удари. Штутгарт со овој бод останува на 13. позиција со вкупно 24 освоени бодови. Во следното коло ќе играат на домашен терен противн Рајн Некар.