Пешевски и Штутгарт до триумф во последните секунди, пораз за Кузмановски

Жарко Пешевски со Штутгарт и Филип Кузмановски со Хановер вечерва беа на терените во Бундес лигата. Пешевски со својот тим стигна до победата во последните моменти од гостувањето кај Бергишер со 30:31.

Во поголемиот дел од дуелот Бергишер беше во водство, на полувреме беше 17:13 сепак Штутгарт со подобро издание во завршницата успеа да дојде до бодовите. Жарко Пешевски имаше солиден настап со четири реализации.

Филип Кузмановски и Хановер после серијата победи беа поразени на гостувањето кај Балинген со 30:26. Уште на полувремето екипата на која победата им значеше многу во борбата за опстанок имаше предност од 16:12.

Во второто полувреме Хановер не успеа да се доближи до противникот и беше поразен. Филип Кузмановски за времето поминато на терен успеа да постигне два погодоци, а имаше и една асистенција.

Во последното коло Штутгарт го пречекува Мелсунген, додека Хановер ќе го пречека Лајпциг.