Пешевски и Штутгарт веднаш зад водечката тројка во Бундес лигата

Тимот на Штутгарт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, забележа победа над Минден во 12 коло од Бундес лигата.

Штутгарт славеше со 30-26, иако на полувремето имаше негатива од еден погодок, 12-13.

Пешевски беше стрелец на два гола од три обиди на овој натпревар, а со новите бодови Штутгарт се позиционира на четвртото место на табелата.

Кил и Рајн Некар Левен имаат под 18 бодови на првото и второто место, Фленсбург има 16, додека Штутгарт 15 и е на добар пат да избори место во европските купови за следната сезона.

Вецлар на Филип Миркуловски беше поразен кај Лајпциг со 32-28, а нашиот интернационалец не погоди ниту еднаш.