Пешевски и Танкоски во аут за Португалија, Лазаров ќе повика нови ракометари

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, се соочува со проблеми пред квалификацискиот двомеч со Португалија.

На денешната репрезентативна прозивка беше истакнато дека поради повреди, двајцата членови на Еурофарм Пелистер, кружниот напаѓач Жарко Пешевски и средниот бек Марио Танкоски се неизвесни за настап на квалификациските натпревар.

Сосема е извесно дека Пешевски и Танкоски нема да настапат на двата квалификациски натпревари против Португалија, со цел да не ризикуваат, така што селекторот Лазаров да нивно место ќе повика двајца нови ракометари.

„Исто така Марио Танкоски и Жарко Пешевски се пожалија на повреди, така што со дополнителна комуникација и преглед на нашиот медицински тим ќе се консултираме и ќе донесеме одлука дали тие двајца ќе бидат во ростерот за овие два натпревари, доколку не е така, ќе морам да повикам два нови играчи”, потенцираше Лазаров.

Претходно и Филип Талески откажа настап поради приватни причини, а Павле Атанасијевиќ исто така ќе го прескокне овој двомеч. Дејан Манасков и Гоце Георгиевски не се најдоа ниту на поширокиот список.

Македонија и Португалија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 9 март, додека реваншот е во Матосињос на 12 март.

Лазаров: Ние секогаш тргаме со мислата за победа, ама реалноста е друга