Пешевски втор стрелец во поразот на Штутгарт, победи за Талески и Томовски

Жарко Пешевски со Штутгарт забележа нов пораз во Бундес лигата, овојпат беа поразени од Бергишер пред своите гледачи со 31:25.

Пешевски на мечот постигна четири гола од пет обиди и беше втор стрелец во својот тим зад Лон кој постигна пет гола.

Штутгарт беше во постојана негатива на натпреварот и во ниту еден момент не беше закана за водството на Бергишер. По првиот дел гостите имаа предност 17:14, а до крајот само ја зголемија.

Филип Талески славеше со својот Балинген на гостувањето кај Гепинген со 32:26. После неизвесното прво полувреме и минималното водство на Гепинген со 15:14, гостите одигра подобро во продолжение и стигнаа до победата. Талески постигна еден гол на натпреварот.

Лудвигсхафен на Мартин Томовски во невообичаено неефикасен меч го совлада Нордхорн со 19:12. Репрезентативниот голман не настапи на овој дуел.