Пешевски во ритам, но Флензбург си замина со бодови

Екипата на Штутгарт не успеа против составот на Флензбург и на домашен терен претрпе пораз од 30:32 со што гостите си заминаа со два бода и го задржуваат првото место на табелата во Бундес лигата.

Ова беше средбата на која Флензбург можеше да добие многу бидејќи ќе го задржи лидерското место и ќе успее да се одржи на врвот, а успеа во тоа откако имаше предност во текот на целата средба.

Првите 30 минути беа добиени со 15:11, па потоа во продолжението само се контролираше резултатот за да се дојде до победа од 32:30 и нови бодови кои ќе значат сигурно многу во завршниот дел од сезоната.

На овој натпревар пивотот Жарко Пешевски имаше добра игра во нападот. Успеа да погоди петпати од пет обиди со што беше трет стрелец во неговиот тим.

До крајот на сезоната за двата тима остануваат уште по четири средби, а сезоната завршува на 27 јуни.