Пех за Магдебург – без Гисли Кристјансон во финалето!

Тимот на Магдебург ќе биде сериозно ослабен на финалниот натпревар против полскиот Келце во „Ланксес Арена“.

Средниот бек Гисли Кристјансон во финишот на регуларниот дел од дуелот со Барселона заработи повреда на шутерската рака и го чека пауза од неколку месеци.

Исланѓанецот, кој беше МВП на сезоната во Бундес лигата оваа сезона, е важна алка во играта на Магдебург.

„Мислам дека Кристјансон ќе паузира долго. Ќе се трудиме да го добиеме финалето поради него. Неговата повреда ми го кине срцето“, вели тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт.

Мечот меѓу Магдебург и Келце, по кој ќе го добиеме новиот европски шампион се игра денеска во „Ланксес Арена“ од 18:00 часот.