„Пет месеци без ракомет може да биде опасно за сите“

Репрезентативецот на Хрватска и ракометар на Кил кој беше прогласен за најкорисен играч на Европското првенство и во Бундес лигата, Домагој Дувњак ја прокоментира изминатата сезона.

Исто така тој напомена дека предолгата пауза од натпревари може да биде опасна за сите ракометари.

Беше одлична сезона. Покажавме неверојатен ракомет во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Мислам дека заслуживме да го освоиме националниот шампионат. Сега дефинитивно треба да останеме фит. Пет месеци без ракомет е опасно за секого“, беа зборовите на хрватскиот среден бек за Handball-world.

Дувњак беше главен играч во освојвувањето на сребрениот медал на последното Европско првенство, а исто така и во Кил е еден од двигателите на играта.

Признанието МВП во Будеслигата го добива по вторпат откако и во 2013 година беше прогласен за најкорисен играч.