Петров и Сучеава обезбедија опстанок во Романија

Денеска заврши сезоната во романскиот шампионат, а таму ништо ново со оглед на тоа што Динамо Букурешт пак е шампион. За разлика од претходно, оваа сезона таму играа само двајца македонски интернационалци, Костадин Петров и Горан Крстевски.

Петров со неговиот тим Сучеава загуби од Баја Маре со 30-25, а македонскиот интернационалец беше еден од подобрите на теренот со четири гола од четири обиди. Стандардно играше и во одбраната, а заработи и две исклучувања.

Велешанецот има добра сезона зад себе и најверојатно ќе го продолжи својот престој во Романија.

Крстевски со составот на Фочани славеше над Фагараш со 32-22, а средниот бек постигна два гола.

Петров и Сучеава на крајот се на 12 место на табелата со обезбеден опстанок, додека Крстевски и Фочани завршија на 5 позиција и обезбедија место во Европскиот Куп.