Петровски со Фасано стана шампион на Италија

Македонскиот интернационалец Дарио Петровски со екипата на Фасано ја освоија шампионската титула во Италија обезбедувајќи место во Лига на Европа.

Фасано во разигрувањето за титулата ја доби мајсторката против Сасари, триумфираше со 35:32 и победата од три гола разлика беше сосема доволна за да победи во финалната серија со 2:1.

Тимот на Петровски на вториот натпревар обезбеди триумф од 32:26, додека на првиот финален дуел загуби со 34:32.

За Фасано освоената шампионска титула е четврта во својата клупска историја.

Клубот во 2014, 2016 и 2018 година се радуваше на првото место во најквалитетното италијанско натпреварување.