Петровски во солидно издание против Бургос, Гвадалахара на чекор до плеј-оф

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, игра во добра форма во дресот на Гвадалахара.

Ракометарот од Битола со екипата на Гвадалахара славеа во многу важен натпревар против Бургос со шест гола разлика, 33:27.

Петровски на овој натпревар беше меѓу најефикасните ракометари, пoстигна три погодоци и запиша четири асистенции. Со освоената победа, Петровски и неговите колеги веќе со една нога се пред пласман во плеј-оф фазата од Втората шпанска лига.

До крајот од регуларниот дел на првенството остануваат уште четири кола. Екипата на Гвадалахара има биланс од осум победи, три порази и три нерешени средби.

Моментално се наоѓа на второто место со 19 бодови. Гвадалахара во следното коло гостува кај третопласираната екипа Новас.