Петковиќ: Атман е најдобриот ракометар што сум го тренирал

Искусниот тренер, Велимир Петковиќ, пред неколку месеци беше назначен за селектор на Русија, а моментално го води машкиот тим на ЦСКА Москва.

Во изјава за рускиот „Брз Центар“, истакнува дека некогашниот среден бек на Металург и Вардар – Павел Атман, е најдобриот ракометар со кој соработувал.

,, Павел е единствен ракометар. Кога се повреди, почуствував како мене нешто да ми се случило. Кога подобро го запознавам, свесен сум и изненаден од неговите квалитети. Тој е борбен, дисциплиниран играч, лидер на терен и надвор од него. Сите тие негови квалитети се подеднакво развиени”.

Атман по настапите во Вардар реши да се врати во татковината и сега е дел од ЦСКА Москва. Иако играше во одлична форма, сепак поради повреда нема да настапи за Русија на Светското првенство во Египет.