Петка за Ристовска, ЦСКА Москва без мака против Кубан

Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, запиша три победи во рускиот шампионат.

По гостински триумфи над Алиса Уфа и Ижевск, ЦСКА славеше и на домашен терен против Кубан Краснодар со десет голови разлика, 35-25.

Ристовска беше меѓу најдобрите стрелци на теренот и успеа да постигне пет голови од шест обиди.

Во следното коло ЦСКА Москва ќе игра на гостински терен кај Динамо Синара во Волгоград.