Петка за Димитриевски на мечот со поранешниот клуб Адемар Леон

Тимот на Ваљадолид, каде што играат македонските интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски загуби од Адемар Леон во натпревар од 14 коло во Асобал лига.

Екс клубот на Димитриевски, Адемар Леон триумфираше на гости кај Ваљадолид со убедливи 37-30.

Македонскиот среден бек имаше одлична партија и беше втор стрелец во Ваљадолид со пет гола од шест обиди, но и тоа беше премалку да се избегнее пораз. Димитриоски не се запиша во листата на стрелците на овој меч.

Ваљадолид останува на 13 бода што е доволно за 9 позиција на табелата, а Адемар Леон се искачи на четвротото место со 18 бода. Следен предизвик за Македонците и Ваљадолид ќе биде гостувањето кај Гранољерс.